Селекторот Игор Ангеловски ги одбра стартните 11 за дуелот против Полска кој вечерва ќе се игра во Варшава (20:45 часот). За разлика од мечот против Словенија, Мрме направи само една принудна измена, Адеми не е во можност да настапи, па на негово место од првата минута ќе игра Бејтулаи, додека Николов ќе биде прекомандуван во средината од теренот.
Во формацијата 3-4-1-2, дефанзивната тројка се Ристовски, Муслиу и Ристевски, Спировски и Николов ќе имаат помош од Алиоски и Бејтулаи од бочните позиции, додека Елмас повторно ќе биде зад напаѓачкото дуо Пандев-Несторовски. На голот е стандардниот Столе Димитриевски.
Полјаците во класичната формација 4-2-3-1 ќе биде предводена од капитенот Левандовски, а ќе го разигруваат Шимански и Гросицки. Зад бомбардерот на Баерн ќе игра Зјелински, додека средниот ред го чуваат Горалски и Криховјак. Березински, Глик, Беднарек и Река ќе го бранат голот на Шчезни.