Александар Васоски е пред нов голем предизвик со Вардар и треба повторно да најде победнички рецепт за шампионот Шкендија, а пред дербито во недела, издвои време и за анализа и предлог типови за пет дуели од осмото коло во Бундеслигата.
„Верувам дека на „ВВК арена“ во Аугсбург ќе има многу голови и дека Баер во Леверкузен ќе успее да ги реши дилемите околу победникот уште во првото полувреме. Во Менхенгладбах и во Гелзенкирхен очекувам најмалку по два гола на домаќините, а Херта во ефикасен меч ќе ја продолжи серијата успеси на свој терен“, вели Васоски.
Аугсбург – Лајпциг (Сабота, 15.30)
По традиција, а и во последните натпревари во Бундеслигата Аугсбург како домаќин и Лајпциг како гостин постигнуваат многу голови. Логично е овде да се типува меч со три и повеќе погодоци. Немам дилеми и овде за мене е сигурно дека ќе има најмалку три плус, бидејќи се работи за две исклучително ефикасни екипи.
Предлог тип: 3+ (1.60)
Баер Леверкузен – Хановер (Сабота, 15.30)
Баер има подобар состав од Хановер, патем е и домаќин и верувам во сигурна победа на фаворитот. И тоа би типувал дека победникот ќе се знае уште по првиот дел. На „Бај арена“ Баер ќе тргне во офанзива и очекувам нивна предност и по првото полувреме и бодовите да останат во Леверкузен.
Предлог тип: 1-1 (2.35)
Шалке 04 – Вердер (Сабота, 18.30)
Очекувам Шалке 04 да продолжи со добрите игри, откако со три победи ја прекина серијата од пет порази. Вердер почна одлично во новата сезона, но очекувам да прими најмалку два погодоци од домаќинот и тука мојот предлог е Т1 2+. Тимот од Бремен игра отворен фудбал, а Шалке ќе знае тоа да го искористи.
Предлог тип: Т1 2+ (2.30)
Херта – Фрајбург (Недела, 15.30)
Херта е и подобар тим и особено добро игра на домашен терен, што се потврдува со податокот дека го победија шампионот Баерн на „Олимпискиот стадион“, а имаат и три успеси во трите натпревари како домаќини. Фрајбург не игра добро како гостин и овојпат е аутсајдер и според мене ќе загуби во меч со најмалку три голови.
Предлог тип: 1&3+ (3.30)
Борусија Менхенгладбах – Мајнц (Недела, 18.00)
Овде има разлика во класа во корист на тимот од Менхенгладбах. Очекувам Борусија да ја продолжи серијата добри игри. Го победија Баерн на гостински терен со 3:0, а бележат само победи и на домашен терен. Верувам дека топката најмалку двапати ќе заврши во мрежата на Мајнц.
Предлог тип: Т1 2+ (1.56)