Од двојка во кец: Сомнеж за наместен натпревар

Српските медиуми пишуваат за можен наместен меч во Првата лига, и тоа во рамките од 14-тото коло помеѓу Смедерево и Кабел одигран во понеделникот. Домаќините победија со 2:1 со пресвртот во второто поувреме, откако Кабел по првите 45 минути водеше со 1:0.

Според сознанијата на „Блиц“, Фудбалската федерација на Србија подигнала обвинение против учесниците на овој натпревар поради сомнеж за местенка. Според луѓето задолжени за регуларноста на мечевите, во второто полувреме се забележани неколку чудни моменти. Прво, сомнителни биле измените на гостите, а потоа и начинот на којшто Смедерево постигнувал голови.

На полувремето, гостите го смениле голманот, а потоа до 53-тата минута ги искористиле и останатите две измени. Неколку минути подоцна, еден гостински играч се пожалил на повреда и морал да го напушти теренот, но екипата на Кабел веќе немала право на измени и останале со играч помалку.

Во двете ситуации кога домаќините постигнувале голови, одбраната на гостите реагирала очајно. Се верува дека пред почетокот на мечот бил забележан и пад на квотите за овој меч. Доколку се докаже дека имало местенка, казните се ригорозни, па и двата клуба би можеле да завршат во понизок ранг на натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести