Марк Маркес извоезе уште една шампионска трка, откако триумфираше на патеката за Големата награда на Јапонија. Шпанецот кој пред две недели ја осигура новата титула во ГП шампионатот, беше доминантен утрово и беше прв од почетокот до крајот на трката.
Фабио Квартараро заврши на второто место во Јапонија, а трет беше Италијанецот Андреа Довициозо. За Маркес ова беше 10-та победа сезонава, а вкупно 54-та во кариерата, со што се израмни со легендарниот Мик Дуан на третото место на вечната листа.
Кога се работи за возачи со најмногу победи во кариерата, неприкосновен останува Валентино Роси со 89 победи, а втор е Џакомо Агистини кој има 68 триумфи.