Најскапиот фудбалер во историјата, Бразилецот Нејмар демантираше дека сака да се врати во Барселона. Пред неколку дена дел од медиумите во Шпанија најавија дека Нејмар повторно би сакал да заигра во дресот на гигантот од „Камп Ноу“.
Нејмар најде интересен начин да ги демантира пишувањата. На неговата официјална страна на една од сицијалните мрежи ја стави насловната корица на која пишуваше дека ќе се врати во Барселона, удри „печат“ дека тоа е „лажна вест“.
Бразилецот играше во Барселона од 2013 до 2017 година, а потоа за рекордни 222 милиони евра се пресели во ПСЖ, каде е главна ѕвезда.