Мбапе си игра со бројките – За половина час нанижа хет-трик и асистенција

Килијан Мбапе е брилијантен, а имаше перфектна претстава во Бриж против белгискиот претставник во Лигата на шампионите.

Вториот најскап играч во историјата на фудбалот со трансфер вреден 180 милиони евра влезе во игра во 52. минута и потоа си играше со бројките.

Постигна гол во 61. минута, потоа само 120 секунди подоцна му асистираше на Мауро Икарди, па во 79. минута повторно ја погоди мрежата на Мињоле, а комплетираше хет-трик само 240 секунди подоцна. ПСЖ убедливо славеше со 5:0 и е на прагот на пласман во следната фаза од елитното натпреварување.

Или за околу половина час успеа да постигне три гола и да прокнижи асистенција што е фантастичен учинок. Со НХЛ речник им покер, односно 4 поени.

Со денешниот хет-трик Килијан има вкупно 16 погодоци во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести