Виторија Гимараиш сè уште чека погодок во Англија

Виторија Гимараиш ќе се обиде да постигне прв гол во третото гостување кај англиска екипа, а вечерва домаќин ќе им биде Арсенал во меч од третото коло во Лигата на Европа.

На претходните две гостувања Португалците во Англија беа поразени од Астон вила со 5:0 во 1983 година и од Портсмут со 2:0 во 2009 година. И двата меча беа во рамките на првото коло на Купот на УЕФА, потоа преименуван во Лигата на Европа.

И сега ситуацијата не им е розова бидејќи стартуваа со два порази во групата Ф со гол-разлика од 0:3. Сè уште го чекаат и првиот гол во групата и сефте погодокот на гостувањата во Англија, а ќе играат против Арсенал, кој има две победи и нема примено гол во првите две кола.

„Играв во Англија и одлично го познавам Арсенал. Тоа е голем клуб и вечерва ќе имаме голем предизвик да ги изненадиме на нивниот терен. Ќе биде тешко, но не и неизводливо да се забележи добар резултат“, изјави Жоао Тешеира.

Играчот од среден ред беше член на Ливерпул од 2013 до 2016 година, но не се снајде најдобро и одигра само два меча за актуелниот европски првак. Беше позајмен во Брентфорд, па во Брајтон, но потоа се врати во Порто.

Сега е член на Виторија Гимараиш и единствен од сите играчи на овој клуб кој има искуство со настапи во Англија.

 

- Оглас -

Најнови вести