По повеќе од 20 години, минатото лето од Арсенал си замина легендарниот тренер Арсен Венгер. Францускиот стратег го одведе Арсенал до многу титули, играше и финале во Лигата на шампионите, но последните две години беше под постојан притисок од навивачите дека треба да си замине.
Сега Венгер не е во Арсенал, но ситуацијата во клубот не е многу променета. Унаи Емери е на клупата, а Топчиите се далеку од тоа што беа пред 10-тина години. Лондончани играат во Лигата на Европа, не во Лигата на шампионите, а во Премиер лигата не се конкурентни за титулата.
Рој Парлоу, некогашниот играч на Арсенал, вели дека тимот не напредувал во отсуство на Венгер.
„Засега Арсенал не е ништо подобар. Речиси и да не направи ништо, но ние треба да бидеме трпеливи и да чекаме да видиме што ќе се случи. Ако клубот повторно заврши на петтото или шестото место, тоа ќе биде разочарување за сите навивачи, посебно ако се знае колку пари имаат потрошено за засилувања“, вели Парлоу.
Некогашниот француски фудбалер беше член на Арсенал во периодот од 1991 до 2004 година, а со Топчиите освои 10 вредни титули, од кои три беа во Премиер лигата.