Никола Пепе е јунакот на Арсенал во победата над Виторија Гимараиш од 3-2 во најдраматичниот меч во Лигата на Европа одигран вечерва. Гостите од Португалија на своето 40-то гостување во еврокуповите само вторпат дадоа повеќе од еден гол, но и двата гола во мрежата на Топчиите не им беа доволни за триумф.
Пепе ги постигна своите втор и трет гол во дресот на Арсенал и сите од прекин, откако даде еден и од пенал. Пепе влезе во игра во 75-тата минута, а пет минути подоцна погоди за 2-2. Во 93-тата го повтори подвигот и го искачи Арсенал на прво место во групата.
Стефан Ристовски не беше ниту меѓу резервите на Спортинг Лисабон на дуелот со норвешки Розенборг.
РЕЗУЛТАТИ, 3 КОЛО (МЕЧЕВИ ОД 21 ЧАСОТ):
Група А: Севилја – Дуделанж 3-0. Група Б: Динамо Киев – Копенхаген 1-1, Малме – Лугано 2-1. Група Ц: Хетафе – Базел 0-1, Трабзонспор – Краснодар 0-2. Група Д: ПСВ Ајндховен – ЛАСК Линц 0-0, Спортинг – Розенборг 1-0. Група Е: Селтик – Лацио 2-1, Рен – Клуж 0-1. Група Ф: Арсенал – Гимараиш 3-2, Ајнтрахт – Стандард Лиеж 2-1.
Ова е голот на Пепе за 2-2:
https://www.youtube.com/watch?v=6q1h_v2LTks
Ова е голот на Пепе кој му донесе победа на лондонскиот тим:
https://www.youtube.com/watch?v=ce3BEWn9824