Атлетико Мадрид по три нерешени средби конечно запиша победа во Ла Лига, на „Ванда Метрополитано“ го совладаа тимот на Атлетик Билбао со конечни 2-0. За петтата овосезонска победа на Јорганџиите се погрижија Саул во 28-та и Мората во 64-тата минута, а двата погодоци им ги сервираше Кореа.
Екипата на Диего Симеоне воедно им додаоа уште еден проблем на Баскијците, кои веќе пет меча не остваруваат позитивен резултат, а претрпеа три порази.
Атлетико по ова коло ќе стои на втората позиција со 19 бода, исто колку и лидерот Барселона, а еден повеќе од градскиот ривал Реал, Барса и Реал ќе бидат во заостаток од еден меч сè додека не се одигра одложеното „Ел Класико“ на „Камп ноу“, кое првично требаше да се одржи денес.
https://www.youtube.com/watch?v=Q0wMj57R5hs&feature=youtu.be
https://www.youtube.com/watch?v=XZkIaq0Du9I