Има шанси Казинс да заигра оваа сезона

Иако Демаркус Казинс ги скина лигаментите на коленото уште во август, по што му се предвидуваше крај на сезоната, тренерот на ЛА лејкерс, Френк Вогел не ја исклучува можноста корпулентниот центар да се појави на паркетите. Но, за да се случи тоа, Казинс ќе треба да ја издржи битката со закрепкувањето, а во меѓувреме Езерџиите да обезбедат пласман во разигрувањата.

Ексиграчот на Сакраменто и Вориорс би можел да биде корисен за Лејкерс во плејофот, па барем малку да почувствува како е да се носи златно-виолетовиот дрес при својот едногодишен договор.

Казинс инаку е голем малер кога станува збор за повреди. Во изминатите две сезони одигра само 78 меча во регуларниот дел. Лани ја повреди Ахиловата пета, по што го пропушти целиот плејоф и не беше во можност да му помогне на Голден стејт да ја одбрани титулата во финалната серија против Торонто репторс.

- Оглас -

Најнови вести