Вардар без Скубе, Атман и Горпишин против Кинезите

Европскиот и регионален првак Вардар утре продолжува со натпреварите во СЕХА-лигата. Следи дуелот против Пекинг во Загреб, а тренерот на Црвено-црните, Едуард Кокшаров, има повеќе проблеми околу составот.

Павел Атман и Сергеј Горпишин заработија повреди во настапот за рускиот национален тим, додека Сташ Скубе има ангина и доби препорака неколку денови да мирува.

„Имавме долг и напорен пат за време на ЕХФ неделата. Сега веднаш почнуваме со натпревари. Можеби на хартија Пекинг е аутсајдер, но ние никогаш не го потценуваме ривалот. Сакаме да одиграме максимално бидејќи ова сепак е официјален натпревар. Пекинг од натпревар во натпревар игра подобро и ние тоа го сфаќаме сериозно. Имаме проблеми во нашиот тим, но, секако, сите други ќе дадат сè од себе“, изјави Едуард Кокшаров, тренерот на екипата.

Вардар лесно го победи Пекинг во првото коло со 37:23 и сега не треба да се очекуваат проблеми повторно да се радува европскиот шампион.

 

- Оглас -

Најнови вести