Регионалниот и европски првак Вардар без никакви проблеми стигна до нов триумф во регионалната СЕХА-лига. На теренот во Загреб, Вардар со 36:28 го победи Пекинг. Иако Вардарци се соочуваа со проблеми во составот и неколку стандардни првотимци не беа на располагање, избраниците на тренерот Едуард Кокшаров си ја завршија задачата.
Уште од самиот почеток Вардар поведе со 4:1, па 7:3 и како што одминуваше времето, разликата растеше. На крајот од првото полувреме, Вардар ја имаше и највисоката предност од 11 голови (21:10). Во второто полувреме, Црвено-црните со рутинска игра само ги одработија вторите 30 минути за четврта победа во петиот меч од СЕХА-лигата.