Лионел Меси постигна нов волшебен гол од слободен удар, а мораше да му аплаудира и Роналдо, но не Португалецот, туку Бразилецот, кој е прв човек на Валјадолид.
Аргентинецот нанишани перфектно во 34-тата минута, а топката паруваше како теледиригирана ракета и се заби во аголот на голманот Масип. Неодбранливо, магично, во стилот на Меси, кој е велемајстор за слободни удари.
Претходно, Ленгле и Видал постигнаа голови за Барселона, а Кико погоди за Валјадолид, па на полувреме Каталонците имаат предност од 3:1.