Саутхемптон ја намали дозата на примени голови и по неверојатната деветка што му ја скроија играчите на Лестер, вечерва прими само три гола во дуелот со шампионот Манчестер сити.
Актуелниот првак и освојувач на англискиот куп се пласира во четврт-финалето на ЕФЛ купот со победа од 3:1.
Аргентинците Николас Отаменди и Кун Агуеро беа стрелци на трите погодоци за домаќинот, а почесен гол за Саутхемптон постигна Стивенс во 75-тата минута.
Победи за пласман понатаму забележаа и Евертон со 2:0 против Ватфорд, Лестер од 3:1 против Бартон, Колчестер со ист резултат го елиминира Краули, а пеналите ќе го одлучат четврт-финалистот на дуелот меѓу Оксфорд јунајтед и Сандерленд.