Поранешниот турски репрезентативец Колин Казим Ричардс ја прекина мизеријата на познатиот мексикански клуб Веракрус и со гол против Пуебла им донесе победа по 430 дена.
Ричардс погоди во 49-тата минута, а некогашниот клуб на нашиот фудбалер Саше Милошевски победи по 41 меч пауза, што е апсолутен светски рекорд во фудбалската игра.
Интересно е тоа што и последната претходна победа на популарните Црвени ајкули беше со 1:0, против Тихуана на 26 август лани.
Јунак на мечот беше голманот на Веракрус, Себастијан Хурадо Рока, кој има 22 години и бранеше на 34-тиот меч за тимот и го немаше почувствувано вкусот на победата до ноќеска, кога падна Пуебла.