Марко Верати ја продолжи соработката со ПСЖ до јуни 2024 година. Најуспешниот фудбалер на Светците со новиот договор ќе прослави една деценија на „Паркот на принцовите“ во обидот да нареди уште неколку во низата трофеи кои ги освои со францускиот првак.
Верати е член на ПСЖ од 2012 година и досега освои 22 трофеи, што го прави најуспешен играч во историјата на гигантот од Париз. Италијанскиот репрезентативец шестпати ја освои лигата, пет трофеи му се во Лига купот, четири во францускиот Куп, додека во седум наврати го подигна пехарот во Суперкупот на Франција.
Играчот за врска на Светците запиша вкупно 290 настапи досега во кои реализира девет гола и 48 асистенции.