Закон-тикет во Тетово – Со 50 денари и 14 погодени натпревари до добивка од 809 илјади денари

Среќна среда за обложувачите во Sport Life донесе неколку неверојатно добро одиграни тикети со огромни добивки, а најмногу се опари играч од Тетово, кој уплатил 50 денари на тикет со 14 двојки и си заработи фантастични 809 илјади денари.

Комбинацијата е игра на голови и на конечен тип, а нанижани се и погодени 14 парови. Од нив 11 се европски мечеви, па во доцните часови вчеравечер и ноќеска со нетрпение во Тетово се очекуваа исходите на три меча во Јужна Америка.

И веднаш на првиот следен меч, што е 12-ти на добитниот тикет, се случуваше вистинска драма. Во Аргентина играа Унион Санта Фе и Индепендиенте, а на тикетот со скромна уплата од 50 денари беа потребни минумум три голови. По првото полувреме резултатот беше 0:2, а долго се чекаше третиот и добитен гол, кој „падна“ дури во 88-мата минута, а потоа имаше уште еден за реми.

Сè уште не е готово, па останаа уште два бразилски дуели, едниот од нив дербито меѓу Палмеирас и Сао Пауло, а вториот меѓу Аваи и Форталеза, двата типувани со 3+ и со највисоки коефициенти на тикетот во Тетово, заедно со дуелот меѓу Унион Санта Фе и Индепендиенте.

За помалку од еден час на двата меча од бразилската Серија А паднаа потребните три гола за голема радост во Тетово во „ситните часови“, па среќниот добитник веќе утринава се опарил во Sport Life.

И НЕГОТИНО ИМА МАЈСТОРИ ЗА ГОЛЕМИ ДОБИВКИ

Уште еден во низата добитни тикети во вредност од над 10 илјади евра е уплатен во Неготино, но тука, за разлика од тетовската шема со голови и конечни типови, овде е одиграно со една од најомилените игри на обложувачите во последно време, комбинација од голови во двете полувремиња.

Погодени се 8 парови и со уплата од 400 денари, среќниот добитник си се почести со добивка од 687.835 денари. Миксот е 4 натпревари што се одиграни еден до два гола во прво и во второ полувреме (1-2I&1-2II) и уште четири со знак еден гол во прво полувреме и два во второ (1+I&2+II).

СТРУШКИ БИСЕРИ

Стружани знаат да одиграат со ситен влог за голема добивка, а потврда се два одлични тикети, едниот со уплата од 20 денари и добивка од 189.447 денари, а вториот со 50 денари и добивка од 165.123 денари.

Вчера во Европа се играше ултраефикасно, имаше многу голови, а такво нешто очекувал и стружанецот што уплатил дваесче на 17 двојки сите одиграни со ист знак, 3+. Најкритично беше во Торино, каде што Пандев и соиграчите од Џенова одолеваа на нападите на Јувентус до последните мигови, но Роналдо со гол од пенал им донесе радост на шампионите на Италија и на двајцата добитници во Струга.

Секако, Старата дама беше на тикетот и на вториот струшки бисер со идентично нанижани 17 двојки, но со различни игри од богатата понуда во билтенот на Sport Life. И тука со нетрпение се чекаше гол во мрежата на Џенова, а пеналот за Јувентус и сигурната реализација на Роналдо во 93-тата минута беше спас и пат до голема добивка од околу 2.700 евра.

СТАРАТА ДАМА ДОНЕСЕ РАДОСТ И ВО СКОПЈЕ

Шампионот на Италија донесе радост и во главниот град, а Јувентус беше еден од најтипуваните мечеви вчера, па иако имаше завршница за инфаркт, голот на Роналдо за победа од 2:1 беше вистински лек за обложувачите.

Во Скопје има и Среќна 13-ка, уплатена во обложувалницата на Sport Life спроти Соборниот храм. И тука, како и најчесто на вчерашните добитни тикети, одигран е микс од мечеви со погодени конечни типови и голови, а со уплатени 50 денари, добивката е одлична и изнесува 216.321 денари, или околу 3.500 евра.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести