Кумановци непоразени ќе влезат во дуел со Работнички

Тимот на Куманово беше подобар од АВ Охрид со 94:67 во последниот меч од колото во првата македонска кошаркарска лига. Неизвесноста ја немаше, гостите првата четвртина ја добија со 32-8, и на „галебите“ не им дозволија посериозно да го загрозат убедливото водство. Куманово сега е на 3-0, а охриѓани имаат 0-3.

Думиќ со 21 поен беше најрасположен во кумановскиот тим, а дури 11 различни играчи на Куманово се запишаа во листата на стрелци, и сите постигнаа 4 или повеќе поени. И во поразениот тим сите влегоа во игра, а 11-мина дадоа кош.

Во следното коло, Куманово дома игра со Работнички, во дерби на две од трите непоразени екипи досега.

- Оглас -

Најнови вести