Еден од најдоминантните боксери на денешницата, Тајсон Фјури, дебитираше и во рингот како кечер. Популарниот Цигански крал направи вистинско шоу во борбата со Браун Строумен, а на крајот Фјури беше со високо подигнати раце.
Британецот покажа завидлива физичка подготвеност, а во еден момент го изведе и препознатливиот трик на легендарниот „Undertaker“. Сличен потег боксерот направи и на борбата против Деонте Вајлдер речиси пред една година, кога Фјури беше во нокдаун во 12-тата рунда, но на големо изненадување на сите, успеа да стане и да продолжи да се бори, а на крајот и да не загуби.
https://twitter.com/i/status/1189975655863214080
Во еден момент, кога Строумен се обидуваше да се врати на рингот, Фјури го удри силно со бокс во лицето. Борбата се одржа во Саудиска Арабија, а гледачите уживаа во шоуто.