Пари Сен Жермен е убедлив лидер во француското првенство со 27 бода од 11 меча. На спротивната страна е Дижон, екипата која е последнопласирана на табелата со само 9 бода и пет постигнати гола досега. Кога ќе се видат овие факти, нема дилема, Светците треба да победат убедливо, иако играат на гостински терен.
Освен актуелната ситуација, на страна на ПСЖ е и традицијата. На последните осум меѓусебни средби, гигантот од Париз секогаш лесно победува и тоа во натпревари на кои има минимум три погодоци. Во тие осум натпревари, ПСЖ има дадено вкупно 30 погодоци, а прими само три гола.
Иако повеќе од јасно е дека ПСЖ лесно треба да победи, централниот дефанзивец на Дижон Шено Кулибали верува дека може да се случи чудо.
„Сепак тие се само луѓе. Како и сите тимови, играат со 11 играчи“, вели Кулибали.
Дуелот се игра вечерва со почеток од 20:45 часот, а комплетната понуда за обложување на овој, но и сите останати мечеви од француското првенство може да ја најдете на Sport Life.