Убиен водачот на навивачите на Партизан од фракцијата „Алкатраз“ (Фото)

Љубомир Марковиќ-Кичо (37 години), вечерва е убиен во Белград во близина на една бензиска пумпа. Марковиќ е познато име во навивачките кругови, но и во белградското подземје. Репутацијата ја доби како водач на озогласената навивачка подгрупа на Партизан, популарната „Алкатраз“.

Пред 10 години тој беше обвинет за убиството на францускиот навивач Брис Татон во Белград, а според дел од пишувањата, неодамна ја одлежал таа казна и излегол од затвор.

Вечерва тој бил нападнат од непознат сторител, Марковиќ се обидел да избега, но бил погоден неколку пати и паднал. Потоа убиецот се доближил до Марковиќ и со два куршуми во главата пукал за да потврди дека го убил познатиот навивач на Партизан, кој исто така кај себе имал оружје, но очигледно не успеал да го употреби.

 

- Оглас -

Најнови вести