Еурофарм Работник ги лечи раните со победа во Прешов

Ракометарите на Еурофарм Работник скапо го плаќаат данокот од неискуство во деби настапот во Лигата на шампионите, а денеска ќе се обидат да потврдат дека ја научија последната лекција и пораз од Татран Прешов, токму против истиот ривал, но сега на гостински терен.

Битолчани пред десеттина дена прокоцкаа предност од 4 голови во второто полувреме и загубија со 23:24 од Татран, па сега ќе имаат можност за реванш.

Мечот ќе се игра од 18 часот, а и двете екипи очекуваат победа со што би му го оставиле фенерот и последното место на ривалот.

И Еурофарм и Татран Прешов имаат по една победа на петте меча што ги играа досега и пред стартот на вториот круг во Ц групата го делат последното место.

 

- Оглас -

Најнови вести