И Пеп се согласува со Клоп: Премногу натпревари, а малку време за одмор

Ливерпул иако го елиминира Арсенал во англискиот Лига куп во епскиот меч во кој се видоа 10 гола за 90 минути, Јирген Клоп е гневен што распоредот на натпревари прави големи проблеми. Германецот се закани дека ќе го бојкотира купот доколку не се најде датум за дуелот против Астон вила кој ќе им одговара, бидејќи во ист период Црвените ќе се борат за светската круна.

Поради овој проблем, и неговиот ривал Пеп Гвардиола застана во одбрана на Клоп. Пеп исто така смета дека распоредот е премногу густ, а екипите немаат доволно време за одмор.

„Поголем број на играчи нема да ни помогне да го решиме овој проблем. На оваа тема се дискутира откако почнав да работам како тренер и уште никој не може да најде решение. Проблемот е очигледен, се играат премногу натпревари во краток период, воопшто не се мисли на играчите и дали се способни да го издржат напорот. Од една страна мило ми е што постојат ваков тип на натпреварувања како Лига купот, бидејќи им даваме шанса на играчи кои не играат често, но исто така се согласувам со Клоп. Не може во зимскиот период да играме на секои два-три дена. Сакаме да ги освоиме сите трофеи, но нè доведуваат до степен да мора да бираме, приоритет да ни биде едно натпреварување, а другото, помалку важното да го запоставиме. Не знам дали се свесни дека квалитетните играчи имаат само две недели одмор во текот на една година, бидејќи на лето, но и во текот на сезоната имаат и репрезентативни обврски и константно се во погон“, истакна Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести