Валенсија профитираше од бедниот Еспањол (видео)

Валенсија славеше на гостувањето кај Еспањол со конечни 2-1 во мечот од 12-тото коло од Ла Лига. Лилјаците со многу мака ги освоија значајните три бода, но успеаја да го свртат резултатот во нивна корист во вторите 45 минути благодарение на капитенот Парехо и Макси Гомес.

Еспањол покажа знаци на живот на стартот од средбата со неколку одлични напади кои за жал не резултираа со погодок. Сепак, домаќините поведоа по половина час игра преку Роха и неговиот погодок од белата точка. Во вториот дел и гостите добија шанса од пенал да се вратат во игра, а Парехо беше сигурен во својот обид и израмни на 1-1 во 69-тата минута.

Казната за бедниот Еспањол стигна во последните десетина минути од средбата, а Макси Гомес го проследи проигрувањето на Родриго и го најави пресвртот на гостите за конечни 2-1. Валенсија направи подвиг на табелата до осмата позиција и сега има 17 бода, додека Еспањол останува во црвената зона со само осум бода по 12 одиграни натпревари.

https://twitter.com/gollerburda12/status/1190625915933515779

- Оглас -

Најнови вести