Лукаку гази по стапките на Роналдо

Ромелу Лукаку со два гола беше најзаслужен за пресвртот на Интер на гостувањето кај Болоња и победата од 2-1. Белгиецот стана прв член на Интер по Бразилецот Роналдо од сезоната 1997/98 наваму, кој дал барем 9 гола во првите 11 кола. И Роналдо имаше девет погодоци во првите 11 кола пред 21 сезони.

Лукаку победничкиот гол го даде од пенал во 91 минута. Сега Интер е прв на табелата, но може да биде симнат ако Јувентус вечерва слави во градското дерби против Торино.

Болоња на свој терен немаше пораз од 22 септември кога загуби од Рома, а Интер ги има добиено сите гостувања сезонава во Серија А. Рома и Интер се клубови во кои некогаш играше сегашниот тренер на Болоња, Синиша Михајловиќ.

- Оглас -

Најнови вести