Валтери Ботас од Мерцедес, по петти пат сезонава ќе тргне од пол-позицијата на трките од Формула 1 шампионатот. Финецот беше најбрз на официјалните квалификации во Остин, па утрешната трка за Големата награда на САД ќе ја почне од најповолната позиција, со празен простор пред себе.
Втор е Себастијан Фетел од Ферари со само 12 илјадитинки послабо време, трети е Макс Ферстапен од Ред Бул со 67 илјадити дело од секундата, а потоа следуваат Шарл Леклер и Луис Хамилтон. Британецот утре очекува да ја освои титулата, негова шеста во кариерата, со што би бил втор во историјата зад Михаел Шумахер кој има седум. На Хамилтон за титула му треба да освои четири поени повеќе од клупскиот колега Ботас.