Ешли Барти го освои последниот ВТА турнир за 2019 година, откако во финалето во Шенжен ја надигра досегашната бранителка на титулата, Елина Свитолина, по два сета со 6-4, 6-3. Моментално најдобрата светска тенисерка со денешниот успех оствари рекорд во женскиот тенис по заработка, ќе инкасира повеќе од четири милиони долари, а воедно го освои вториот голем трофеј во 2019 година откако претходно издоминира на Ролан Гарос.
Во битката против минатогодишната шампионка, Барти имаше апсолутно достоен противник и во двата сета. За водство од 1-0 како клучен се покажа брекојт во 10-от гем, додека Свитолита пружи еднакво силен отпор и во продолжението од мечот. Украинката се најде во добра позиција по брејкот за 2-1, но потоа загуби три гема во низа при нејзин сервис, па Барти немаше милост во последниот гем искористувајќи ја првата меч-топка.
https://twitter.com/WTA/status/1190980181655093248