Напаѓачот на Валјадолид Сандро Рамирес, стави крај на агонијата и долгиот пост од 53 лигашки натпревари без постигнат погодок. Шпанецот на феноменален начин ја прекина црната серија, во победата на Валјадолид против Мајорка Сандро постигна апсолутен убавец за конечни 3-0.
Се играше последната минута од судиското надополнување, кога Сандро изгради позиција за удар и без размислување потегна од околу 25 метри. Мајсторскиот погодок и овој меч долго ќе ги памети.
Инаку, Сандро последен пат реализира првенствен гол во мај 2017 година како играч на Малага, а во 53 последователни меча како член на Севилја, Реал Сосиедад и Евертон не успеа ниту еднаш да ја затресе мрежата.
https://www.youtube.com/watch?v=FLqFwMszHW4