Монако вчера по петти пат сезонава загуби во француското првенство откако Кнезовите од Сент Етјен се вратија со минимален пораз од 1-0. Гостите од Монако не беа на потребното ниво, особено еден од резервните играчи, кој доби шанса од тренерот Жардим во второто полувреме.
Десниот бек Рубен Агилар во игра влезе во 70-тата минута, а во судиското надополнување заработи директен црвен картон. Oва е второ исклучување за Агилар сезонава, а бидејќи не се согласи со одлуката на судијата, при напуштање на теренот му се наврти на екранот од ВАР-системот и силно го клоцна.
За недоличното однесување Агилар може да добие дополнителна суспензија покрај предвидените мечеви кои ќе треба да ги преседи.
To those of you that hate VAR, here’s Monaco right-back Ruben Aguilar booting the monitor after being sent off this weekend.
Be like Ruben Aguilar. pic.twitter.com/wySCcF2TIX
— Ball Street (@BallStreet) November 4, 2019