Холандската атлетичарка Мадија Гафур следните осум и пол години ќе ги помине во затвор откако беше прогласена за виновна дека шверцувала и тргувала со дрога. Гафур, која има 27 години, летоска била фатена во близина на германското градче Елтен.
Во рутинска контрола на нејзиното возило, полицијата открила дека таа поседувала 50 килограми таблети екстази, два килограми кристал мета и речиси 12.000 евра. Оваа атлетичарка ја претставуваше Холандија на големи натпреварувања, а беше дел и од Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година.
Атлетичарката вели дека не е виновна и ќе се жали на пресудата. Официјално, девојката тврдела дека воопшто не знае дека носела дрога туку мислела дека се работи за допинг-средства. Гафур никогаш не открила од каде ѝ е запленетата дрога.