Каталонците против Славија ќе мора да ја закрпат дупката

Барселона е лидер во шпанското првенство, а е предводник и во групата од Лигата на шампионите. Сепак, кај каталонскиот гигант е вклучен алармот, и тоа поради очајната одбрана. Тоа уште еднаш најдобро се покажа на последниот меч, на кој Барселона само за седум минути прими три гола од просечниот тим на Леванте.

И покрај поразот од Леванте, Барселона остана на чело на табелата во Примера, но само со 22 бода од 11 меча, што е најлош нивен биланс во последните 15 години. Последен пат имаа три порази во овој дел од првенството во 2002 година, што зборува за нестабилната игра.

Марк тер Штеген во првите 11 кола прими 14 голови, а со 56,2 отсто одбранети удари е втор најслаб голман во Шпанија. Само Марк Дмитровиќ од Еибар е послаб со процентот на одбранети удари од Тер Штеген. Барселона денеска игра на свој терен против Славија Прага и тој меч треба да биде за враќање на самодовербата, но и за подобрување на одбраната. Реално, Барселона не би требало да прими гол од ваков ривал на „Камп ноу“.

 

 

- Оглас -

Најнови вести