ПСЖ му нуди нов договор на Мбапе, неверојатно е колку ќе заработува за една недела

Килјан Мбапе дефинитивно е играчот кој треба да доминира во следните години во светскиот фудбал. Голгетерот на Пари Сен Жермен има договор со францускиот првак до 2022 година, но челниците на Светците прават сѐ што е можно за да го задржат фудбалерот кој е на цел на повеќе европски гиганти.

Реал Мадрид јавно најавува дека сака да го купи Мбапе, но од ПСЖ сега подготвуваат нов договор за напаѓачот. Најавите се дека на Мбапе ќе му биде продолжена соработката, а според договорот, ќе има иста плата колку што сега добива Нејмар.

Тоа би значело дека Мбапе на неделно ниво ќе добива 700.000 евра, односно 36,8 милиони евра по сезона. Минатата сезона Мбапе одигра 43 меча и даде 39 погодоци, плус имаше 17 асистенции, што само го покажува потенцијалот на играчот кој има 20 години. Сезонава во 10 натпревари досега, Мбапе даде девет гола, а има и четири асистенции.

 

- Оглас -

Најнови вести