За Валенсија, мечот на годината е против Лил, играчите очекуваат да проработи вулканот на „Месталја“

Валенсија има императив да ја продолжи одличната низа против Лил, екипа од која нема загубено на досегашните пет меѓусебни дуели, а играчите очекуваат да проработи вулканот на „Месталја“ и да им помогне да победат во, како што велат, најважниот меч годинава.

„Сакаме навивачите да бидат со нас цел меч, да нè бодрат како што знаат само тие. ’Месталја’ е секогаш тешко место за гостување и се надевам дека ќе ја има познатата хармонија на теренот и на трибините. Ова за нас е како финале, меч што мора да се добие и е најважен за Валенсија во 2019 година“, вели Хосе Гаја.

Ако победи против Лил, Валенсија може да има меч-топка против Челзи на 27-ми ноември, повторно на „Месталја“, за пласман во нокаут-фазата.

Вечерва од 21 часот ниту Лил нема што да брани и ќе се обиде да го сопре проклетството во дуелите со шпанскиот тим, од кого има три порази и двапати ремизираше и сè уште е без победа.

Францускиот тим има само еден бод во групата Х, каде што колидери се Челзи и Ајакс со по шест бода, пред Валенсија со четири.

 

 

- Оглас -

Најнови вести