Аларм во Лондон: Над 2.000 навивачи на Ајакс немаат билети, а сакаат да влезат на „Стемфорд бриџ“

Навивачите на Ајакс се покажуваат како едни од најорганизираните, па воопшто не им беше проблем да отпатуваат во Лондон за дуелот против Челзи. Сепак, гостите се соочуваат со еден голем проблем. Европската куќа на фудбалот (УЕФА) го казни Ајакс со еден меч без навивачи на гостински терен, и тоа поради нередите направени од претходното гостување кај Валенсија.

Проблемот настана затоа што фановите на Ајакс веќе имаа уплатено патување во Лондон, а дури потоа дојде забраната од УЕФА. Симпатизерите на тимот од Амстердам решија веќе кога се во Лондон, да одат на мечот меѓу Лејтон Ориент и Брајтон У21, во рамиите од Фудбал лига трофеј купот. Сепак, и таа опција пропадна откако Англиската федерација реши да го одложи дуелот за 24 часа, и тоа поради безбедносни причини.

Навивачите на Ајакс сега најавуваат дека сакаат да влезат на „Стемфорд бриџ“, па бараат влезници од домашните симпатизери да им продадат. Доколку се случи навивачите на Ајакс да се инфилтрираат на стадионот, вечерва може да биде многу интересно и на трибините.

 

- Оглас -

Најнови вести