Лудница во Лондон: Ајакс имаше 4-1, сега е 4-4 и веројатно Челзи ќе победи

Неверојатно е ова што се случува во Лондон, каде што Ајакс водеше со 4-1 до 62-рата минута, а на 15 минути до крајот семафорот покажува 4-4 и Челзи има двајца играчи повеќе на теренот. Блинд и Велтман се исклучени еден по друг, пред пеналот кој Жоржињо го претвори со 3-4, а Рис Џејмс погоди за 4-4. Џејмс со 19 години и 332 дена е најмладиот стрелец за Челзи во ЛШ.

Ајакс е трета екипа против која на ист меч се досудени два пенали и исклучени им се двајца фудбалери. Сега Копјаниците грчевито ќе се борат за бод, иако половина час ги делеше од убедлив триумф.

- Оглас -

Најнови вести