Емпатија на фановите на Ајакс: Им излегоа во пресрет на лондонските ѓубреџии (видео)

Ајакс вчера гостуваше во Лондон, каде што против Челзи Копјаниците приредија епска и незаборвана пресметка при конечни 4-4. На „Стемфорд бриџ“ немаше поддржувачи на холандскиот првак, иако во англиската престолина допатуваа повеќе од 2.000 фанови на Ајакс.

Гостите од Холандија мораа да се снаоѓаат за да го проследат тој меч, а дел од нив скитаа низ улиците на Лондон и без разлика што не присуствуваа на стадионот, пееја песни за нивниот клуб. Една навивачка група наиде на чистачи кои си ја вршеа работата, па одлучија да им помогнат да го фрлат ѓубрето во камионот и притоа порачаа: „И овие луѓе страдаат и напорно работат за секоја пара“. Со песна и огромно задоволство го направија тоа, делуваа среќно што им излегоа во пресрет на работниците.

Нивната емпатија ги стопли срцата на јавноста, пред сè, ја покажаа нивната човечка добрина иако глобално навивачи ги бие лош глас дека се познати по насилство.

- Оглас -

Најнови вести