Расположениот Били Барон беше премалку за подвиг и победа на Црвена ѕвезда против Реал Мадрид, па гостите од Шпанија го преживеаја пеколот во белградската арена и славеа важна победа од 75:60.
Клучна за победата на најтрофејниот европски клуб беше последната четвртина што Реал Мадрид ја доби со 26:8 и успеа да надомести три поени негатива со кои го почна завршниот период.
Трилингот Љуљ, Фернандес и Тавареш со вкупно 39 поени ги предводеше Кралевите до четвртата победа во седмиот меч во Евролигата.
Кај Црвена ѕвезда прв стрелец беше Били Барон со 17 поени, а Лоренцо Браун постигна 14 поени. Белграѓани сега имаат биланс од 2 победи и пет порази.
https://twitter.com/EuroLeague/status/1192526989388763136?s=20