Еурофарм Работник го претрпе шестиот пораз во седмиот меч од Лигата на шампиони. Ако досега најчесто среќата им го вртеше грбот на битолчани и губеа минимално, овојпат тоа беше висок пораз. На гостувањето кај Спортинг, Еурофарм Работник загуби со 36:26.
Во првите 10-тина минути битолчани се држеа кога беше 6:6. Од тој момент Спортинг влезе во одличен ритам и со серија од 10:2, домаќините имаа двојно повеќе погодоци (16:8). Уште тогаш беше јасно дека Еурофарм Работник не може да направи изненадување на ова гостување.
Во второто полувреме разликата ниту еднаш не падна под 4 гола предност за Португалците (21:17). а Спортинг на крајот и прв пат поведе со 10 гола, што се покажа и како конечен резултат.