Дејан Кулушевски игра зрело, модерно и многу квалитетно во Серија А, а и вечерва во дуелот против Рома потврди дека Македонија пропушти голем талент.
Новопечениот шведски репрезентативец, кој има македонски корени, беше меѓу најдобрите на теренот и помогна Парма да ја победи Римската волчица со 2:0.
Кулушевски има само 19 години и настапува за Парма како позајмен играч од Аталанта, а за него веќе има голем интерес од познати европски клубови.
Парма игра многу солидно во Серија А и вечерва ја прокнижи петтата победа со головите на Спрокати во 68-мата и на Корнелиус во 93-тата минута.
Моментно клубот на Кулушевски е на осмата позиција со 17 бода од 12 натпревари, а Рома остана на шестото место со 22 бода.
Во ист термин од 18 часот во Бундеслигата Фрајбург го победи Ајнтрахт со 1:0 на домашен терен.