Салах контра на Бејл, Хамес, па и Роналдо

Мохамед Салах нема да настапи на претстојните натпревари на репрезентацијата на Египет од квалификациите за Африканскиот куп на нации. Салах ја влечел повредата на глуждот која му се влошила по удар од Фернандињо и ќе ги прескокне дуелите на Фараоните против Кенија и Коморските Острови.

Салах се појави на тренингот на Египет со заштитна чизма на ногата. Некои прашуваат како со таква повреда одигра 87 минути на меч со високо темпо против Манчестер сити, а не може да игра за националниот тим, но по завршувањето на средбата Салах имаше мраз на глуждот. Следниот меч на Ливерпул во Премиер лигата е на 23 ноември.

Спротивно на Салах, фудбалерите на Реал Мадрид, Герет Бејл и Хамес Родригес, не играат за клубови затоа што се „повредени“, а без проблем тренираат и ќе играат за своите репрезентации. Кристијано Роналдо не е задоволен што многу рано го менуваат во Јувентус и го спречуваат да даде повеќе голови, но затоа во селекцијата на Португалија е неприкосновен и таму нема шанса да го сменат, освен ако сам не побара.

- Оглас -

Најнови вести