Љафтов: Кога дојдов во Бугарија, мислев дека добро зборувам бугарски, но…

Одбојкарот на бугарскиот клуб Хебар, македонскиот репрезентативец Александар Љафтов, вели дека се чувствува добро во Пазарџик, каде што веќе има многу пријатели, а примачот откри и интересни детали во интервју за една бугарска спортска телевизија.

„Луѓето доаѓаат на мечевите, салата е полна. На улица ме запираат, запознав многу луѓе, многу од нив ми се пријатели. Тоа е богатство. Многу е убаво. Кога дојдов тука, мислев дека многу добро го зборувам бугарскиот јазик. Но, правам многу грешки и соиграчите од тимот ми се смеат“, вели Љафтов.

Љафтов ги спореди Македонците и Бугарите.

„Ние Македонците сме помеки. Тука се посилни карактерите, потешко се примаат критики. Не велам дека тоа е лошо. Но, генерално, нема голема разлика меѓу Македонците и Бугарите”, вели струмичанецот.

Што се однесува до репрезентацијата, Љафтов смета дека најголем квалитет е тимската игра.

„Во националниот тим на Македонија немаме топ-играч, но тимската игра ни покажа дека како тим можеме да играме со секој противник. Играме убава одбојка, се бориме еден за друг”, додава Љафтов.

- Оглас -

Најнови вести