Можно е Македонија да не игра против Косово во плејофот од ЛН за пласман на ЕП!

Репрезентацијата на Косово има историска шанса да се пласира на Европското фудбалско првенство. Иако започна како аутсајдер во групата, Косово досега собра 11 бодови од шест меча и е на третата позиција во групата, со еден бод помалку од второпласираната Чешка.

Вечерва Косово го игра можеби и најважниот меч во својата историја бидејќи гостува токму кај Чешка. Со евентуална победа, Косово во пресрет на последното коло ќе се искачи на второто место кое води на завршницата на ЕП 2020.

Дека Косово е подготвено за чуда, покажа и на првиот меч против Чешка. Тогаш противникот поведе со 1:0, но на стадионот Приштина се случи чудо и Косово со два гола стигна до победа. Ако и вечерва победи, Косово ќе има 14 бодови, а Чешка ќе остане на 12 бодови.

Во последното коло Косово дома ќе игра против Англија, а Чешка ќе гостува кај Бугарија, која е без шанси. Калкулации има многу, но факт е дека Косово е со реални шанси да се надева дека може да направи чудо.

Доколку Косово успее да се избори за настап на ЕП 2020 преку квалификациите, тоа ќе значи дека Македонија ќе добие друг противник во плејофот од Лигата на нации, преку кои исто така се оди на завршницата на континенталниот собир.

- Оглас -

Најнови вести