Турција ќе игра на Европското првенство во 2020 година, по ремито без голови против Исланд вечерва во Истанбул.
На домаќините им одговараше нерешен резултат и успеаја да го остварат, па со 20 бодови се недостижни за Исланѓаните, кои останаа на 16 бода и имаат само уште еден меч за одигрување. Пред нив е и Франција, која двапати ги победи и со ремито во Истанбул ѝ се приклучува на Турција на ЕП од квалификациската група Х.
Исланѓаните се обидоа во финишот на мечот да притиснат и да постигнат гол за надеж, имаа и една супер шанса, но топката не ја мина гол-линијата, па по ремито со наведнати глави си заминуваат дома.