Кармело Ентони конечно најде нов клуб

Трикратниот освојувач на златниот олимписки медал од почетокот на минатата сезона беше без клуб кога испадна од составот на Хјустон. Иако тогаш се најавуваше динамично трио Харден-Пол-Ентони, Кармело брзо падна во немилост на тренерот Мајк Дантони и го загуби местото во тимот.

Лос Анџелес лејкерс беше најзагреан за да го доведе Ентони, но сепак Езерџиите не потпишаа со некогашната ѕвезда на НБА. Ентони е нов играч на Портланд. Тимот со кој има договор до крајот на сезонава, воопшто не ризикува многу затоа што договорот е таков да може Портланд во секој момент да ја раскине соработката, и тоа на штета на кошаркарот.

Портланд ќе биде петти клуб за Ентони, кој е десеткратен олстар-играч. Во Портланд веќе има двајца врвни надворешни играчи, па ќе биде интересно да се види како Кармело ќе се вклопи во тимот заедно со Лилард и Мекалум.

- Оглас -

Најнови вести