Србија го победи Луксембург со 3:2 и ги задржа минималните шанси дека може да се најде на завршницата на Европското првенство. Сепак, Србија за да биде дел од континенталниот собир, прво мора да слави против Украина во Белград, а потоа да чека и Португалија да киксира на гости кај Луксембург.
Иако Србија синоќа беше голем фаворит против Луксембург, домаќините примија два гола и до последната минута стравуваа за победата. Токму поради тоа, репрезентативецот Душан Тадиќ беше разочаран и не штедеше зборови за критика.
„Второто полувреме е големо разочарување. Игравме фудбал без трчење, а така не може. Без трчање, нема резултати. Така можеше да се игра пред 60 години, но не и денеска. Треба да се срамиме колку малку трчавме во вториот дел. Тешко дека ќе успееме да се пласираме на ЕП. Португалија е многу посилен тим од Луксембург, но мора да се надеваме на чудо“, рече Тадиќ.