Зверев потврди дека победата на Надал била пирова (видео)

Александер Зверев е вториот патник во полуфиналето на АТП шампионатот од групата „Андре Агаси“, откако го совлада Данил Медведев по два сета со 6-4, 7-6. Бранителот на титулата ја имаше судбината во свои раце, додека Медведев играше во чест на Рафа Надал, кој иако денес претходно го победи Стефанос Циципас, се испостави дека победата е пирова.

Зверев со брејк на стартот од средбата го најави водството по првиот сет, а потоа максимално се избори да го реши мечот по два сета, па преку тајбрејк се протна во полуфиналето.

Актуелниот шампион на финалниот АТП турнир ќе се соочи со Доминик Тим, додека Циципас ќе му биде противник на Федерер.

https://twitter.com/atptour/status/1195454678621970432

- Оглас -

Најнови вести