Бразил и Аргентина вчера ги одмерија силите во контролен натпревар кој се одигра во Саудиска Арабија. Гаучосите триумфираа со минимални 1-0 благодарение на капитенот Лионел Меси во мечот во кој возбудата најмногу се виде во почетокот од средбата. Жесус промаши пенал во 10-тата минута, за три минути подоцна судијата да додели најстрога казна на спротивната страна. И Меси не реализира од белата точка, но одбиената топка сепак ја смести во голот на Алисон.
Во текот на средбата, камерите фатија интересен момент каде што Меси му гестикулира на селекторот на Бразил да молчи, а по мечот, Тите објасни за што станувало збор.
„Јас се побунив кај судиите дека треба да биде санкциониран, тој тоа го слушна бидејќи беше блиску и ми кажа да молчам. Истото му го реков и јас, и тоа беше крај. Судијата во вакви мечеви мора да покаже карактер, а не да потпаѓа под влијание од големи играчи како Меси. Сметав дека требаше да добие жол картон и не останав нем на тоа“, истакна Тите.
O repórter cinematográfico Jordi Bordalba flagrou o momento em que Messi manda Tite calar a boca. O técnico brasileiro comentou sobre o desentendimento com o argentino -> https://t.co/XgISSBT4dk pic.twitter.com/SEO8dJXA27
— ge (@geglobo) November 15, 2019