Што ни треба за утешно трето место – Македонија мора да го победи Израел и Словенија да загуби од Полска

Македонија треба да го победи Израел во Скопје на 19. ноември и Словенија да загуби истиот ден од Полска за да се забележи најдобриот пласман во квалификациски циклус за Светско, или Европско првенство во нашата фудбалска историја.

Ова ни е 13. циклус вкупно и никогаш не сме биле подобропласирани од четвртото место. И сега Македонија не си ја крои сама судбината за утешното трето место во групата, кое не води на ЕП 2020 година, но имаме шанса, поради подобриот меѓусебен биланс со Словенија и против Израел, ако го победиме за три дена во Скопје.

Досега најблиску до подвиг, дури и до пласман на големо натпреварување бевме во квалификациите за Светското првенство штос е играше во 1998 година.

Ѓоко Хаџиевски ни беше селектор, а за наша несреќа го загубивме клучниот меч против Литванија на гости во септември 1997 година, а потоа истиот ривал не надигра и во Скопје, па наместо на Мундијал завршивме на четвртата позиција зад Романија, Република Ирска и Литванија.

Против Израел ќе играме на националната арена „Тодор Проески“ од 20.45 часот во вторник, а во истиот термин Полска ќе игра против Словенците во Варшава.

 

- Оглас -

Најнови вести