Северна Ирска и Холандија одиграа досаден меч со малку возбудувања, а интересен коментар имаше легендата на „лалињата“, Марко Ван Бастен.
„Мечот беше гола вода. Издржав 30 минути и го сменив каналот. Фудбалот треба да носи возбуда, уживање и се игра за голови, но овде немаше ништо од тоа“, вели Ван Бастен.
Ирците утнаа пенал во првото полувреме, но и тие потоа спласнаа, иако им требаше победа за да ги остави во игра за настап на ЕП 2020 година.
Холанѓаните си калкулираа со реми што им одговара, па епилогот ви е јасен од коментарот на Ван Бастен, дури и да не сте го гледале мечот. Заврши без голови, што ги одведе „лалињата“ на ЕП 2020 година.
Ван Бастен беше стрелец на еден од најубавите голови во историјата на фудбалот во финалето на ЕП во 1988 година кога со волеј откосо ја азтресе мрежата на Ринат Дасаев и ја потврди победата од 2:0 против СССР. Тоа е единствената европска круна што ја има Холандија.